1016 год.

Царот Јован Владислав изградил царски дворци и на видно место поставил голем мермерен блок со текст со славјанско кирилично писмо. На тоа спомен обележје за првпат се среќава името Битола.

1382 - 1383 год.

По многу тешки и крвави борби и по жестокиот отпор кој го пружило месното население конечно успеале да ја освојат Битола. Според некои легенди многу жесток отпор на турските освојувачи му пружиле и монасите од седумдесетте манастири и цркви кои во тој период постоеле во Битола. Хаџи Евронос беј кој се наоѓал на чело на турската војска револтиран од жестокиот отпор на кој наишол при освојувањето на градот наредил да се урне и битолската тврдина.Османлиите градот го именувале со името Манастир.

XV век

Градот добил нов етнички елемент - Евреите. Развиените занаети, со доаѓањето на Евреите уште повеќе напреднале, а со нив и трговијата.

XVIII век

Одредени околности довеле да се населат во Битола помасовно Власи со што занаетчиството и трговијата знатно напреднале, а со тоа постепено се оформила чаршијата со што Градот добил многубројни пазари, од кои најмногу бил прочуен пазарот за памук. Во овој период за потребите на чаршијата се градат Саат кула, Безистен, Дебој и други пропратни објекти.

1830 год.

Изградена е црквата Св.Димитрија.

1835 год.

Битолската чаршија повеќепати страдаше од големи пожари. Така, во оваа година пожар уништил речиси 2.000 продавници.

1851 год.

Се отвара австриски конзулат.

1852 год.

Британски конзулат, подоцна – Грчки конзулат.

1861 год.

Руски конзулат и голем број европски земји отвориле дипломатски претставништва во Битола.

1862 год.

Битолската чаршија повеќепати страдаше од големи пожари. Така, во оваа година повторно беа изгорени 1.800 продавници.

1897 год.

Битолската чаршија повеќепати страдаше од големи пожари. Така, во оваа година пазарот за житни култури и над 200 други објекти биле уништени.

1864 - 1912

Битола бил главен град на Битолскиот вилает Особено Битола ќе земе видно место во државата и пошироко на Балканот когa ќе стане седиште на Румелискиот Вилает што за битолското занаетчиство претставува еден вид „златен век“

1870 год.

Населението ги изградило црквите Св. Недела и Св. Богородица, како и основно (подоцна класно) училиште каде доминирал народниот јазик и славјанската богослужба и пеење.

1906 год.

Браќата Манаки купуваат филмска камера, производство на компанијата „Charles Urban Trading”, и тоа 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Така, со таа фамозна „Камера 300" започнала кинематографијата на Балканот.

1908 год.

На битолскиот конгрес Албанците решиле да го воведат латинското писмо . Истата година е ратификуван новиот младотурски устав.

1909 год.

Започна со изградба Офицерскиот дом од страна на управникот на Битолскиот Вилает Абдул Керим-паша. Градбата била речиси завршена во 1911 година и поради воено политички причини не успеала да биде завршена во нивното време. Офицерскиот дом бил сосема довршен во 1919 година.

1914 - 1918 год.

Во време на Првата светска војна Битола секојдневно била бомбардирана, од што градот бил разрушен, населението разбегано - иселено, заболено од епидемии.

1915 год.

Еврејско маало со дуќани.

Дрвен пазар.

Пекмез пазар.

1918 год.

Со мировниот договор Битола потпаднала под српска власт. Непосредно до градот била повлечена вештачка државна граница, со што му бил отсечен неговиот хитерленд.

4 ноември 1944

Ослободување на градот.

6 февруари 1945 год.

Во Битола била отворена првата гимназија (првично наречена „Гоце Делчев“, во 1952 година преименувана во „Јосип Броз Тито“) на која се предавало на македонски јазик.

8 Септември 1991 год.

Битола е дел од самостојна и независна Р.Македонија.